Гаши: Никогаш не би можеле да коалицираме со Левица

од Nikola Popovski

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва изјави дека неговата партија никогаш нема да склучи коалиција со Левица.

-Една партија која е против НАТО и евроинтеграциите и која е против признавањето на Косово никогаш не може да биде во коалиција со Алтернатива, рече Гаши во вечерашното гостување на емисијата „Клик плус“.

За спорните судски случаи и барањето помош од Брисел, Гаши вели дека е едно од нивните ветувања и една од точките од договорот со Зоран Заев за да се приклучат на оваа влада.

-Наше ветување беше дека за спорните судски случаи кои станаа и политички како што се Монструм, малиот Алмир, Диво Насеље и тн. мора да се обратиме за помош во европските институции. Судството не е реформирано и можам да кажам дека е заробено преку партизацијата во овие 30 и повеќе години независност. Некои судии судат според идеолошките определби, партиските определби, рече Гаши.

Слични содржини