Пау Гасол е блиску кон преселба во Барселона.

Крилниот центар, кој неколку пати истакна дека би сакал да ја заврши кариерата во Барселона, е близу до приклучување кон каталонскиот гигант, јавуваат европските медиуми.

Според нивните информации, Гасол и Барселона треба наскоро да постигнат официјален договор.

Гасол, кој во понеделникот наполни 40 години, е поранешен кошаркар на Милвоки, а тој претходно ја освои шампионската титула двапати со Лос Анџелес Лејкерс.

Искусниот Шпанец играше и за Сан Антонио, Чикаго, Мемфис и Барселона, каде ја започна својата професионална кариера во 1998 година, пред да замине во НБА во 2001 година.

Слични содржини