Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк – Школка

од Vladimir Zorba

Францускиот институт во Скопје организира гастрономски настан „Вкуси ја Франција”, којшто ќе се одржи в сабота, 10 јуни 2023, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка.

Настанот, во 12 часот, свечено ќе го отворат Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје, и Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.

За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.

Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев”, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.

Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш” ќе понуди дегустација на нивните вина.

Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори.

Слични содржини