„ЃАВОЛСКИ ВИД“: Научниците загрижени поради новата варијанта на корона: Посмртоносна и позаразна

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот вид на коронавирус, кој научниците го нарекоа „ѓаволски“, се чини дека е посмртоносен, полесно се шири и вакцините можеби не се доволно ефикасни против него.

Научниците го означија овој вид, кој доаѓа од Калифорнија, како „ѓаволски“ по нивните алармантни откритија.

Новиот вид се вика Б.1.427 / Б.1.429 и првпат беше забележан во Калифорнија оваа зима.

Варијантата е пронајдена во Данска, Мексико и Тајван. Како и секоја нова варијанта, таа содржи нови мутации за кои научниците биле свесни дека можат да ѝ дадат предност во однос на „оригиналниот“ вид на вирусот.

Научниците внимателно го проучувале тоа и првите откритија предизвикале загриженост. Истражувачите анализирале 2.172 примероци на вируси собрани во Калифорнија помеѓу септември 2020 и јануари 2021 година.

За тоа време, новиот вид нагло се зголеми и стана доминантен.

Во трудот се наведува дека лабораториските истражувања откриле дека варијантата е „барем 40 отсто поефикасна во инфицирање на човечки клетки“ во споредба со претходните видови. Ова веројатно се заснова на лабораториски експерименти кои истражуваат како коронавирусот се врзува за човечките клетки.

Покрај тоа, брисевите на луѓе кои биле позитивни на вирусот имале двојно поголемо ниво на честички на вирусот – инаку познато како вирусно оптоварување – во нивните грла или нос. Заедно, овие откритија сугерираат дека калифорнискиот вид има способност полесно да се шири меѓу луѓето.

– Ѓаволот е веќе тука. Посакувам да беше поинаку. Но, науката е наука, рече д-р Чарлс Чи, вирусолог од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Д-р Чарлс и неговиот тим исто така анализирале 300 случаи на Б.1.427 / Б.1.429 за да утврдат дали повеќе луѓе починале од овој вид во споредба со другите. Откриле дека ризикот од смрт е поголем. Но, бидејќи примерокот од студијата беше толку мал – гледајќи само на 12 смртни случаи – доказите не се силни.

Лабораториски студии исто така откриле дека антителата во крвта на луѓето кои претходно биле заразени со корона или биле вакцинирани не делувале толку добро за да го убијат калифорнискиот вид на коронавирусот.

Ова може да значи дека варијантата е потенцијално способна да избегне вакцини или да ја направи нивната ефикасност послаба, иако д-р Чарлс наведува дека сè уште не е јасно дали е тоа така. Вакцините се прават против постарите соеви на вирусот. Иако новите соеви се слични, нивните мутации можат да направат имунолошкиот систем да изгледа непрепознатливо.

Слични содржини