Газа: Петмесечно бебе спасено од урнатините, пронајдено покрај безживотното тело на неговата мајка …

од Vladimir Zorba

После уште еден во низата напади врз Газа, петмесечно бебе беше спасено од урнатините на бегалскиот камп.

Драматичните фотографии покажуваат медицинска сестра која држи петмесечно момче чие цело десетчлено семејство беше убиено во ракетен напад. Момчето е пронајдено покрај безживотното тело на неговата мајка, пишува Дејли Меил.

Израелските авиони повторно ја нападнаа Газа во саботата рано наутро, а Хамас возврати со ракети на израелскиот оган.

Палестинската страна објави дека 11 лица биле убиени на Западниот брег во судири меѓу демонстрантите и израелските безбедносни сили.

Од понеделникот, најмалку 132 лица се убиени во Појасот Газа, од кои 32 деца и 21 жена, додека 950 беа повредени, соопштија палестинските здравствени власти.

Слични содржини