Газда ги казнува вработените кои ќе завршат во самоизолација

од Vladimir Zorba

Земјите од регионот бележат голем пораст на бројот на заболени од коронавирус, а властите се соочуваат со одлука дали ќе ја затворат економијата.

Се покажа дека апелите до граѓаните да се однесуваат одговорно не помогнаа во сузбивање на ширењето на епидемијата, бидејќи донесените мерки честопати не се почитуваат и принудните мерки ниту се популарни, ниту лесно се спроведуваат.

Сепак, има и такви со поинаков пристап кон проблемот.

Ѓуро Хорват е сопственик на хрватската компанија Tehnix, која испратила писмо до сите вработени дека ќе ги казнат доколку завршат во самоизолација поради невнимание, пишува Јутарњи лист.

“Почитувани работници! Имајќи предвид дека ситуацијата со Ковид-19 секој ден се влошува, би сакал да ве известам дека компанијата Tehnix ќе воведе свои сопствени капацитети за самоизолација, така што секој што со свое невнимание ќе западне во таква состојба, ќе биде изолиран во хотелот Краљ. Мора да бидеме свесни дека со нашето однесување надвор од компанијата не ве загрозува само вас и членовите на вашето семејство, туку и колегите од работата, со што се загрозува стабилноста на Tehnix и задржувањето на работните места. Вашиот директор: Ѓуро Хорват“, стои во писмото на хрватскиот претприемач.

Хорват се обиде своите ставови да ги објасни на телевизиска емисија на HRT.

Тој потврди дека неговата компанија ги казнува оние кои завршуваат во самоизолација со 10% од платата.

“Презедовме ваква мерка кон луѓето кои имаат таков став кон сопственото здравје и компанијата затоа што недостасуваат 20 лица. Во исто време, тие пари ги насочуваме кон оние вработени и менаџери кои се здрави и се однесуваат одговорно“, рече Хорват.

loading...

Слични содржини