„Газпром“ го потврди целосното прекинување на испораките на гас за Финска

од Vladimir Zorba

Руски „Гаспром“ го потврди целосното прекинување на испораките на гас за Финска од денеска, поради одбивањето да го плати гасот во рубљи.

До крајот на работниот ден на 20 мај, „Газпром експорт“ не добил исплата за испорака на гас во април од финскиот „Гасум“, согласно указот на претседателот на Руската Федерација, се наведува во соопштението, пренесе весникот Известија.

Вчера „Газпром експорт“ ја информираше финската енергетска компанија „Гасум“ дека испораките на природен гас за Финска ќе прекинат утрото на 21 мај, бидејќи Финска не се согласила да го плати гасот во рубљи, соопшти финското Министерство за труд и економија.

Слични содржини