Гебрејесус со нов мандат како директор на СЗО

од Nikola Popovski

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ќе продолжи да ја извршува таа функција во вториот мандат, почнувајќи од мај следната година, бидејќи ниту една од земјите членки не предложила друг кандидат за таа функција, соопшти денеска СЗО.

Вкупно 17 членки на Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција, Данска и Шпанија, како и 11 други земји, го номинираа Тедрос за втор мандат за генерален директор на СЗО.

Гебрејесус доби номинација и од три африкански земји, Руанда, Боцвана и Кенија, а САД не предложија никого, ниту ја поддржаа неговата кандидатура.

Гебрејесус е поранешен министер за здравство и поранешен министер за надворешни работи на Етиопија.

Слични содржини