Гебрејесус уште пет години на чело на СЗО

од Nikola Popovski

Досегашниот генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за единствен кандидат за оваа функција, која ќе ја извршува уште пет години.

На Гебрејесус, директорската позиција му беше потврдена на 75. Собрание на СЗО, денеска во Женева. Како што наведува СЗО, тој бил единствениот кандидат.

„Денеска на 75. Собрание на СЗО земјите-членки го реизбраа Д-р Тедрос Аданом Гебрејесус да го отслужи својот втор петгодишен мандат како генерален директор на СЗО. Новиот мандат на д-р Тедрос Аданом Гебрејесус официјално започнува на 16 август 2022 година“, објавија од СЗО на Твитер.

Гебрејесус првпат беше избран за директор на СЗО во 2017 година. Правилникот на Собранието на СЗО вели дека генералниот директор може само еднаш да биде реизбран на таа функција, што значи дека ова ќе биде последен мандат за Гебрејесус.

 

Слични содржини