Геј-парада во Ерусалим под силно полициско обезбедување

од Nikola Popovski

Неколку илјади луѓе марширале денес за време на геј-парадата во Ерусалим во присуство на силни полициски сили поради заканите на екстремистите.

Парадата, која беше откажана минатата година поради епидемијата на коронавирусот, денес собрала меѓу 5.000 и 8.000 луѓе, пренесе агенцијата АФП.

Собраните, кои вееле знамиња во боја на виножито, биле следени од околу 3.000 полицајци. Имало полицајци на покривите на зградите и по целата траса на парадата.

Жителите на зградите низ кои минувала толпата не смееле да излегуваат на улиците за време на геј-парадата.

Активисти на екстремно десничарски групи повикаа на контра-митинг, а полицијата уапси неколку лица пред почетокот на парадата.

Ерусалим ја организира геј-парадата од 2002 година, и покрај незадоволството на конзервативните и екстремно десничарски групи.

Слични содржини