„Геј сум“: Мадона објави нови информации за нејзината сексуална ориентација (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Мадона ги изненади фановите со објава на TikTok во која, како што многумина разбраа, објави неочекувани информации за нејзината сексуална ориентација.

Мадона на својот профил објави видео во кое се обидува да погоди корпа за отпадоци и напиша: „Ако не погодам, сум геј“.

Таа ја промаши корпата, па само ги крена рамениците со насмевка, што многумина го сфатија како потврда дека сака да открие дека е геј.

@madonna

♬ original sound – nudy georges

Да потсетиме, настапите на Мадона вклучуваа историски моменти во шоу-бизнисот кога таа ги бакнуваше колешките на сцената, а можеби и најпознатиот бакнеж, го имаше со Бритни Спирс и Кристина Агилера на доделувањето на наградите MTV во 2003 година.

Сепак, Мадона официјално беше во врски само со мажи.

Таа беше романтично поврзана со мноштво познати личности во текот на годините – вклучувајќи ги Денис Родман, Тупак, Мајкл Џексон, Ванила Ајс и многу повеќе.

Беше во брак со Шон Пен и Гај Ричи.

Слични содржини