Гејтс: Ако не сте богати како Маск, не си играјте со биткоин

од Vladimir Zorba

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, рече дека не инвестирал во биткоин, бидејќи претпочита да инвестира во компании „кои прават некои производи“, како што се вакцината против маларија и сипаници.

Милјардерот рече дека не ги избрал своите инвестиции врз основа на тоа дали за другите ќе вредат повеќе.

Во претходното интервју, тој разговараше за ентузијазмот на основачот на Тесла, Елон Маск, за оваа виртуелна валута.

„Мојата општа мисла би била дека ако имате помалку пари од Елон, веројатно треба да бидете претпазливи. Тој има многу пари и тој е многу софистициран, затоа не се грижам дека неговиот биткоин некако ќе оди нагоре или надолу по случаен избор“, рече Гејтс.

Вредноста на биткоинот скокна за скоро 50 проценти откако компанијата Тесла објави дека вложила 1,5 милијарди долари во оваа дигитална валута, како и дека планира да ја прифати како платежно средство, но подоцна падна за 20 проценти.

Во моментов се тргува за нешто над 45.000 долари.

Слични содржини