Гејтс го напуштил „Мајкрософт” поради несоодветна врска со вработена

од Берта Китинска

Бил Гејт наводно имал афера со вработена во „Мајкрософт“, чиј одбор на директори ангажирал приватна адвокатска канцеларија за да ги испита децениските „интимни односи“ на нејзиниот коосновач.

„Членовите на бордот на „Мајкрософт” одлучија дека Бил Гејтс треба да се повлече од него  уште во 2020 година, бидејќи спроведоа истрага за претходна романтична врска на милијардерот со жена вработена во компанијата, за која се сметаше дека е несоодветна”, пишува „Волстрит журнал”.

Тоа била „афера од пред речиси 20 години, која завршила спогодбено”, изјави портпаролката на Гејтс.

Според портпаролката, Гејтс го напуштил „Мајкрософт” за повеќе да се фокусира на неговата филантропска организација, фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс”.

Гејтс и неговата сопруга Мелинда, кои беа ко-основачи на нивната добротворна организација пред две децении во борбата против глобалната сиромаштија и болести, на 3 мај објавија дека се разведуваат по 27 години заеднички живот.

Портпарол на „Мајкрософт” за француските медиуми изјави дека во втората половина на 2019 година компанијата била предупредена дека „Бил Гејтс во 2000 година се обидел да почне интимна врска со вработена во компанијата. Комитет на Бородот изразил загриженост, и потпомогнат од надворешна правна фирма, спровел темелна истрага “.

Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот со скоро 130 милијарди долари, привлече критики во последните неколку недели откако објави дека се разведува од сопругата Мелинда, со која беше во брак 27 години.

Во молбата за развод, Мелинда изјави дека нивниот брак е „неповратно оштетен“. Њујорк Тајмс пишува дека Гејтс наводно „бркал“ неколку жени поврзани со „Мајкрософт“ и неговата фондација, развивајќи „репутација за контроверзно однесување во работните средини“.

Сепак, „Тајмс“ тврди дека познанството на Гејтс со педофилот Џефри Епштајн – со кого наводно останал близок дури и откако бил осуден за измама на малолетници – ја вознемирил Мелинда и дека се случил развод.

Слични содржини