Гејтс порано сакаше да се „обложи против биткоинот“ – а денес?

од Nikola Popovski

Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ и (моментално) четвртиот најбогат човек во светот, во интервју за „Волстрит журнал“ (WSJ) пред неколку години напомена дека би било добро да се ослободиме од криптовалутите.

Накратко одговарајќи на прашањето „Без која иновација би можел светот да живее?“, Гејтс најпрво го спомнал биткоинот, а потоа се предомислил и рекол „на крајот на краиштата био-оружјето е вистинскиот одговор“.

Во претходните години, Гејтс ја критикуваше шпекулативната природа на криптовалутите, верувајќи дека нема никаква вредност зад нив и изјави дека „би се обложил на нив ако има лесен начин да го сторам тоа“. Сличен став имаат многумина кои сметаат дека неодамнешната проценка на вредноста на биткоинот е потенцијал за меури. Ваквите критики се разумни, имајќи предвид дека благодарение на големите осцилации на вредноста на биткоинот, многу луѓе губат пари брзо и лесно.

Според MarketWatch, во неодамнешното интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си, Гејтс рече дека денес има „неутрален став“ кон биткоинот, бидејќи ниту тој е сопственик на крипто-валутата, ниту пак се обложува против неа.

Како дел од неговата фондација, Гејтс работи на ширење дигитални валути во земјите во развој, но тоа го прави со цел да овозможи поголема транспарентност и полесно враќање. Денес на Гејтс најмногу му пречат можностите за криминални активности овозможени од анонимноста на крипто-валутите, а таа можност за злоупотреба е најверојатно главната причина за неговата сегашна позиција, пренесува „Startit“.

Од друга страна, Мајкрософт неодамна го патентираше својот систем за криптовалута, заснован на алтернативни методи на рударство, како што се температурата на телото и мозочните бранови. Останува да видиме дали овој нов систем ќе биде во согласност со идеалите на основачите на компанијата.

loading...

Слични содржини