Гејтс: Сè додека пандемијата не се стави под контрола, милиони ќе умрат од Ковид-19

од Vladimir Zorba

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс верува дека вакцината за коронавирус може да биде одобрена итно во наредните месеци. Постои „мала шанса“ фармацевтските компании „Пфизер“ и „Модерна“ да соберат доволно податоци до крајот на октомври и да ги пријават своите вакцини, рече тој.

Гејтс во последните десет години инвестираше повеќе од 20 милијарди долари во вакцини, преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Во интервју за „Шпигел“, тој рече дека е уверен дека три или четири од шесте вакцини што ги развиваат „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Новавакс“, „Санофи“, „Пфизер“ и „Модерна“, „ќе бидат итно одобрени на почетокот на 2021 година“.

Таканаречените РНК и ДНК вакцини против коронавирус, кои во моментов ги развиваат германските фармацевтски компании „Кjурвак“ и „Бионтек“, „веројатно не се големо решение“, смета Гејтс.

Ако можете да „почекате пет до десет години“, овие вакцини веројатно ќе бидат подготвени. Сега, сепак, не е реално да се очекува дека развиените земји ќе ги користат овие вакцини во голем обем, додаде тој.

Гејтс очекува дека, „сè додека пандемијата не биде ставена под контрола, милиони ќе умрат од Ковид-19“.

„Сепак, повеќето од жртвите нема да бидат дел од официјалната статистика. Причината е што короната ја забави светската економија, 37 милиони луѓе паднаа во екстремна сиромаштија и ако стапката на смртност кај децата скокне, причината ќе биде гладот, а не короната“, рече тој.

Слични содржини