Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година

од Vladimir Zorba

Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година, а САД и Велика Британија наскоро ќе имаат доволно вакцини за споделување со другите земји, смета американскиот милијардер Бил Гејтс.

Во интервју за „Скај Њуз“, тој рече дека сè уште е загрижен дека светот нема да ги научи лекциите од пандемијата на коронавирус и да се подготви за идните глобални епидемии.

„Сè уште има неколку прашања во врска со степенот до кој ќе се користи вакцината Џонсон и Џонсон. Би било добро да се прифати, но и без тоа, некои побогати земји, вклучувајќи ги Соединетите држави и Велика Британија, ќе достигнат висока стапка на имунизација до летото. Ова ќе овозможи вакцините да бидат дистрибуирани низ целиот свет до крајот на 2021 година и во текот на 2022 година. Ние нема да ја искорениме оваа болест, но до крајот на 2022 година ќе ја намалиме на многу мал број“, рече Гејтс.

Изјави и дека не постои светска влада што ги игнорира американските пари за истражување и развој или парите за истражување и развој во Велика Британија.

„Во моментов, старите лица се вакцинираат во богатите земји затоа што тие земји поминаа полошо во пандемијата од повеќето земји во развој, и тоа беше добра работа. Фактот дека сега вакцинираме 30-годишници во Велика Британија и САД без да имаме вакцини за сите 60-годишници во Бразил и Јужна Африка не е фер, но за три или четири месеци вакцината ќе биде достапна за сите земји коиимаат многу сериозна епидемија“, изјави Гејтс.

Говорејќи за својата загриженост за иднината, Гејтс рече дека е загрижен дека светот ќе заборави на Ковид-19 и дека нема да го користи за да биде поподготвен во идните пандемии.
Но, тој верува дека оваа генерација сè уште ќе се сеќава што се случило, бидејќи се изгубени милијарди долари и дека ќе бара глобален одговор на слична криза во иднина.

Слични содржини