Гејтс: Затворете буквално сè на 10 недели, тоа е единствениот начин да го победиме вирусот!

од Aleksandar Petrovski

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во својот авторски напис за „Вашингтон пост“ ги повика американските власти да затворат сè на најмалку 10 недели за да ја добијат битката против коронавирусот.

Ви ги пренесуваме најважните делови од тој текст.

„Нема сомнение дека САД ја пропуштија можноста да бидат во првите редови во борбата против коронавирусот. Но, сè уште има простор за важни одлуки. Изборите што ги правиме и нашите водачи денес ќе имаат огромно влијание врз тоа колку брзо ќе почнат да опаѓаат случаевите со заболените, колку долго економијата ќе остане затворена и колку Американци ќе треба да погребаат некој близок заради КОВИД-19.
Преку работа со Фондацијата, разговарав со експерти и лидерите во Вашингтон и низ целата земја.

Ми стана јасно дека треба да преземеме три чекори.

Прво, ни треба конзистентен национален пристап за затворање на сè. И покрај повиците на експертите за јавно здравје, некои држави и области не затворија сè. Во некои земји, плажите сè уште се отворени; во други, рестораните сè уште работат за оние што сакаат да седат и да јадат.
Ова е рецепт за катастрофа. Затоа што ако луѓето се слободни да патуваат преку националните граници, така може и вирусот. Државните службеници треба да бидат јасни: Затворање на кое било место значи затворање насекаде.

Додека бројот на страдалници не започне да опаѓа низ Америка – што би можело да биде за само 10 недели или повеќе – никој не може да продолжи со работа како и обично или да ги занемари прекинувањето на работа. Секоја конфузија околу оваа точка само ќе ја продолжи економската болка, ќе ги зголеми шансите за враќање на вирусот и ќе предизвика уште повеќе смртни случаи.

Второ, федералната влада треба да ги засили тестирањата. Треба да бидат достапни многу повеќе тестови. Исто така, треба да ги консолидираме резултатите за да можеме брзо да ги идентификуваме потенцијалните волонтери за клинички испитувања и да знаеме кога е време да се вратиме во нормала. Постојат и добри примери – државата Њујорк, неодамна го прошири својот капацитет на повеќе од 20.000 тестови на ден.

Конечно, за да се стави крај на болеста, потребна ни е сигурна и ефикасна вакцина. Ако сториме сè како што треба, би можеле да ја имаме за помалку од 18 месеци, што би била најбрзата вакцина досега некогаш развиена “, рече меѓу другото Гејтс.

Слични содржини