Генчовска е изненадена од обраќањето на Ковачевски: „Упатени се остри зборови“

од Nikola Popovski

Бугарското министерство за надворешни работи денес соопшти дека ќе реагира на, како што велат „острите зборови на премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски за името на клубот на Бугарскиот културен центар во Битола“, изјавила бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска, која изрази изненадување од острата реакција за името на клубот „Иван Михаилов“.

„Бев прилично изненадена кога ја видов реакцијата и од политичките и од невладините организации од Република Северна Македонија. Да бидам искрена, немаме намера да водиме ваков тип на комуникација преку медиумите, но Министерството за надворешни работи ќе заземете официјален став“, посочила Генчовска.

Ковачевски синоќа во видео обраќање рече дека бугарската делегација, во која беа бугарскиот премиер Кирил Петков и тамошната потпретседателка Илијана Јотова, „ги разбудила духовите од минатото, повторно разгорувајќи го јазикот на омразата и недовербата“.

Слични содржини