Генерал Вотел: По средбата Трамп-Путин нема нови насоки од Пентагон за соработка во Сирија

од desk2

Не сме добиле нови насоки од Пентагон за соработка со Русија во Сирија по средбата меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки, изјави генерал Џоузеф Вотел, командант на силите на САД за Блискиот исток

Вотел, кој е шеф на американската Централна команда изјави денеска дека во недостиг од нови наредби, тој го поддржува сегашнито курс во Сирија – уништување на т.н. Исламска држава.

Во вторникот, ден откако Трамп во Хелсинки со Путин зборуваа и за Сирија, руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да ги исполни, сите договорени ангажмани за засилена сортаботка со американските сили во Сирија.

Генерал Вотел нагласи дека американските закони забрануваат коориднација и соработка со руската армија.

Слични содржини