Генерално собрание на ОН: Макрон ја обвини Русија за современ империјализам

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија за современ империјализам заснован на законот на џунглата и побара од неутралните земји да престанат да бидат соучесници со тоа што ќе молчат за „руската инвазија на Украина“.

Во говорот пред светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот, Макрон предупреди дека руската инвазија на Украина го дели светот и го враќа во „ерата на колонијализмот“, пишува „Ројтерс“.

„Оние кои денес молчат или тајно сочувствуваат (со Русија) им служат на целите на новиот империјализам и модерниот цинизам кој го уништува светскиот поредок“, рече Макрон во полчасовниот говор.

Слични содржини