Генералштаб на Украина: Русија повлекува војници од Харков

од Vladimir Zorba

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги повлекува војниците од Харков.

Се наведува дека главната цел е да се воспостави целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк, Луганск и Керсон и да се обезбеди стабилност на копнениот коридор со Крим, пренесе UNIAN.

Од Генералштабот на Украина додаваат дека најголема активност на руските сили се забележува во правците Слободанск и Доњецк.

Украинската пратеничка Олександра Устинова пак изјави дека ситуацијата на фронтот е „далеку полоша“ отколку на почетокот на војната.

„Пеколот во моментов е на првата линија. Сега губиме многу повеќе луѓе отколку на почетокот на војната“, им рече Устинова на новинарите на тркалезната маса на германскиот Маршалов фонд во Вашингтон, пренесе Си-Ен-Ен.

Слични содржини