Георгиески: Холштајн ги поздрави заложбите на Охрид за исполнување на препораките на УНЕСКО

од Берта Китинска

Одлуката на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои Општина Охрид ги презеде за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион беа тема на дискусија на средбата на градоначаликот на Охрид, Константин Георгиески, и амбасадорката на Сојузна Германија Анке Холштајн која е во посета на Охрид.

-Особено ми е драго што денеска моја гостинка беше амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.Со амбасадорката разговаравме за последната одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои ги презедовме за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион. Чест ми е што амбасадорката Холштајн ги поздрави посветеноста и заложбите на Општина Охрид за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото.Имавме можност да разговараме и за унапредување на туризмот, за зачувување на животната средина, за локалниот економски развој во Охрид и придонесот на германските инвестиции во делот на отворањето на нови работни места и подигнување на животниот стандард, вели градоначаликот на Охрид.

Слични содржини