Георгиев: Нема да толерираме палење на нашето знаме во Македонија

од Vladimir Zorba

„Оние луѓе што го запалија бугарското знаме веројатно го прават тоа, затоа што Бугарија во оваа фаза рече „не“ за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Она што го видовме е типично за друго време. Ова однесување нема да се толерира“, изјави заменик министерот за надворешни работи, Георг Георгиев за „Бугарија ОН ЕР“.

Тој потсети дека Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година и истакна дека нема да се согласи ниту една земја во претпристапниот процес „да им држи лекции“. Според него, ова што се случува е лекција низ која сега ќе помине Република Северна Македонија.

„Ќе биде многу жално ако не го завршат овој пат по кој тргнаа сами. Им претстојат многу важни фази во процесот на пристапување. Но, ако не ги почитуваат партнерите и земјите што им подадоа најсилно рака, тогаш тешкотиите ќе се множат”, рече Георгиев.

Тој се надева дека до следната дискусија за пристапот на Северна Македонија во ЕУ, ќе бидат земени предвид барањата на Бугарија. Според него, вратата не е затворена и разговорите секогаш можат да продолжат.

„Се сугерира дека Бугарија е скоро единствената земја на ниво на ЕУ што ја запре Република Северна Македонија. Да се ​​потсетиме пред само пред неколку месеци – Холандија, Франција … Ние не сме единствениот стопер што ја попречува Северна Македонија“, истакна бугарскиот заменик министер за надворешни работи.

„Ова е најблискиот народ до нас, кој сме навикнати да го нарекуваме братски. Многу се надеваме дека овој спор ќе биде решен и дека ќе продолжиме како партнери и пријатели на европската сцена и во иднина. Навистина сакам оваа свест да биде од двете страни“, забележа Георг Георгиев.

Слични содржини