Почетна / Македонија / Георгиевски: 30 години правиме реформи и 3 пати менуваме Устав за да им се допаднеме на ЕУ

Георгиевски: 30 години правиме реформи и 3 пати менуваме Устав за да им се допаднеме на ЕУ

И со Нон-пејперот и без, да добиеме датум за преговори, тој пат кон ЕУ ќе биде многу долг, може и 10 години. Но, важно е да тргнеме по тој пат, вели лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер на Македонија Љубчо Георгиевски.

Во однос на нон пејперот на Франција, Георгиевски вели дека има една ставка која не се поздравува, а тоа е отворање на фондовите со секое затворено поглавање на ЕУ. Сепак, тој смета дека сме изиграни во поглед на влезот во Унијата од причина што 30 години државата прави реформи со цел да се придобијат симпатиите на западот.

-Има дел од нон пејперот кој не се поздравува, а е за поздравување. Тоа е отварање на фондовите согласно завршувањето на реформите во државата. Сепак останува фактот дека сме малку изиграни како држава. Некои земји ни велат дека треба да продолжиме со реформи и дека не е доволен само Преспанскиот договор. Точно е тоа, но ние 30 години правиме реформи за да им се допаднеме, 3 пати го менуваме Уставот, тука е Охридскиот договор, и тој го направивме за некаква евроатлнаска интеграција. Тука се и серија закони со кои се откажуваме од некој национален интерес за да им се допаднеме. Ниту една земја не биле толку подготвувана како ние за влез во ЕУ, вели Георгиевски.

loading...