Георгиевски го осуди сквернавењето на споменикот во чест на загинатите на бродот „Илинден“

од Vladimir Zorba

Константин Георгиески, градоначлникот на Охрид, преку социјалните мрежи го осуди оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“.

„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.Апелирам до граѓаните да се воздржат во вакви и слични вандалски однесувања и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти“, се наведува во објавата на градоначалникот на Фејсбук.

Вчера и македонското Министерството за надворешни работи го осуди инцидентот.

„Министерството најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид. Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Слични содржини