Георгиевски: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјекти

од Vladimir Zorba

„Изминатите денови се исплатени субвенции во вкупна висина од 380 милиони денари. На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети им се исплатени 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм“, соопшти на прес-конференција Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.

Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почеток на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи.

Над 14 милиони денари беа поделени на 656 мали земјоделски стопанства“, додаде тој.

Слични содржини