Георгиевски: Исплатени над 71,5 милиони евра финансиска поддршка на земјоделците (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Од почетокот на оваа година исплатени се речиси 4,4 милијарди денари или над 71,5 милиони евра финансиска поддршка на земјоделците. Преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година досега на земјоделците им се исплатени над ‪3.6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година“, изјави денеска Гоце Георгиевски, Претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исплатата е извршена кон сите, без калкулации, без списоци и без уцени кон земјоделците, како што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели тој.

„Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментов се жртви на ситни партиски интереси на опозицијата. Кочењето на ребалансот на буџетот ги одолговлекува проектираните исплати за субвенции, за инфраструктурни проекти и за проекти кои се од витално значење за производството на храна. ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува синоним за нечесен однос кон земјоделците“, истакнува Георгиевски.

Слични содржини