Георгиевски предлага затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата

од Vladimir Zorba

Затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата, предлага ВМРО-Народна партија, со оглед на новонастаната ситуација која станува се покомплицирана и од аспект на ширење на вирусот но и од аспект на падот на економијата.

За имплементација на оваа предлог-мерка која би траела од 27 март до 21 април, тие предлагаат принцип на споделено финансирање и три чекори од кои:

1. Секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор.

2. За втората седмица сите вработени ќе добијат неплатен одмор од пет дена.

3. А третата седмица ќе биде платена како субвенција од буџетотна Македонија.

„На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација.

Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот.

Исто така со оваа мерка најмногу ќе и помогнеме на економијата која во овој момент е во своевиден хаос, а и ќе се спречи отпуштањето на илјадници вработени во Македонија“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Слични содржини