Георгиевски: Се сомневам дека 15-20 предмети на СЈО биле користени за рекет

од Viktor Jovanov

Поранешниот премиер на Република Македонија и актуелен лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски во емисија на ТВ24 изјави дека се сомнева оти сите предмети на кои Специјалното јавно обвинителство работело по поминување на рокот за поднесување обвиненија биле користени за вршење рекет.

-Кога СЈО заврши со својот мандат почна да процесуира дела, одеднаш се создаде структура на интелектуаци, медиуми, стручни луѓе кои тврдеа дека може да продолжат со обвиненија. Врховниот суд изгласа дека тоа е крајниот рок, па се свртеа и против него. Добивме ситуација каде СЈО свесно влегоа во компромитирање на тие 15-20 нови дела кои можеше Јавното обвинителство да ги спроведе, тие дела ги користеле за рекет. Имам чувство дека за рекет не е користен предметот со Орце Камчев, мислам дека имало повеќе фирми на списокот за рекетирање, вели Георгиевски.

Лидерот на ВМРО-НП истакна дека рекетирани биле луѓе и во случајот „Поштенска банка“, а такво нешто најверојатно се правело и со луѓе поврзани со случајот „Маѓар Телеком“.

-Рекетирани се и луѓе во случајот Поштенска банка, каде е делото за Телеком, каде е делото за Силјан Мицевски. Имам чувство дека ЈО заташкува некои работи, не знам зошто, вели Георгиевски.

Во однос на општата ситуација во правосудниот систем, Георгиевски тврди дека тој се наоѓа во ваква тешка ситуација од причина што секоја политичка гарнитура која доаѓа на власт си поставува свои судии и обвинители.

Слични содржини