Почетна / Македонија / Политика / Георгиевски: Шах-мат на македонско-бугарските дискусии

Георгиевски: Шах-мат на македонско-бугарските дискусии

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на својот Фејсбук профил го искоментира потегот на Србија, во време кога Македонија и Бугарија слават три години од потпишувањето на Договорот за добрососедство.

„На први август точно кога се одбележуваше три години од договорот за добрососедство помеѓу С. Македонија и Р. Бугарија, српскиот државен врв објави дека идната година почнува со градба и модернизација на железничката линија Белград – Скопје. Проектот ќе чини 2 милијарди долари само до Ниш, а возовите ќе можат да се движат до 200 км на час.Ова се вика шах-мат на македонско-бугарските дискусии.Се надевам за тоа време Бугарија ќе успее да додаде една лента на преминот кај Благоевград“, напиша Георгиевски.

loading...