Георгиевски: Тимот на Трипуновски е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во режимската матрица (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Тимот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица. И самиот Трипуновски, впрочем е дел од таа матрица, како кадар на Никола Груевски“, вели денеска Гоце Георгиевски, член на Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ со овие кадри не може да обнови ништо, освен криминалот режим кој со години ги малтретираше и манипулираше земјоделците. Земјоделците, сточарите, овоштарите, сите граѓани тоа нема да го дозволат. На 12 април повторно ќе ја порази режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, смета Георгиевски.

Слични содржини