Георгиевски: За две и пол години во Охрид изградивме улици кои не беа допрени со децении

од Nikola Popovski

Пред две ипол години кога дојдов на позицијата градоначалник затекнав долг од една милјарда и 600 денари и успеав да го намалам на 295 милиони денари, тоа е навистина голем успех, јас немав чист мандат, но за тој период изградивме улици кои не беа допрени со децении, го решаваме проблемот со плажите кој се влечка со години и ред други работи кои Охрид не ги видел и сега станаа реалност, рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, во гостувањето на Канал 5.

Резултатот од расправата на сесијата на УНЕСКО на онлајн платформата е резултата на имплементација на препораките кои беа донесени во 2017 година, а ние треба да сме задоволни што досега постигнавме како држава, но како општество да се засрамиме што од 2013 година добиваме критики како резултат на лошо менаџирање на овој регион, рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, во гостувањето на Канал 5

-Остранувањето на дивоградбите е само еден дел од препораките на УНЕСКО, ние остранувавме концесиски објекти со истечени договори од 2017 или 2018 кои согласно планот за управување со УНЕСКО донесен од Владата не се вклопуваат во овој план. Досега се отстренети сите бесправни објекти на површина од 32.000 метри квадратни и околу 6000 метри градежен шут, рече тој.

Тој потенцираше дека кон дивоградбите се постапува неселктно без оглед на политичката припадност.

-Никогаш не сум бил уплашен за мојот живот при отстранување на дивоградбите, во јавноста се врти изјава извадена од контекст, јас само сакав да кажам дека дека имаме поднесено преку 150 кривични пријави и обвинителството не ги процесуира , а паралелата беше дека неказнивоста носи непочитување на законите, рече Георгиевски.

Слични содржини