Георгиевски: Заев радикално влезе во зближување со Бугарија и за тоа треба да сме наградени

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе.

„Таму има големо негативно чувство за Македонците. Тие сметаат дека многу малку правиме за Договорот за добрососедство“, вели Георгиевски.

Тој потенцира дека Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите со ЕУ.

„Тоа е голем парадокс од бугарска страна. Ние сакавме и сакаме да се зближиме со нив, а за тоа сме казнети од официјална Софија“, изјави Георгиевски.

Слични содржини