Георгиевски: Заврши втората фаза од проектот за наводнување Јужно-вардарска долина

од Vladimir Zorba

„Инвестициите во модерно, конкурентно и развојно земјоделство остануваат приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Заврши реализацијата на втората фаза на Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар. Севкупната инвестиција е во вредност од над 24 милиони евра“, соопшти денеска Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„За земјоделците од валандовско-гевгелискиот регион значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Со изградбата на системот за наводнување се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.

Ваквите инвестиции носат зголемена конкурентност на земјоделството, но и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион“, посочува тој.

Слични содржини