Георгина за првата средба со Роналдо: Се тресев пред него

Георгина Родригез дала големо интервју за италијанскиот магазин Grazia и открила како изгледала првата средба со Кристијано Роналдо.

Фудбалерот и убавицата се запознале во една продавница на брендот Гучи во Мадрид каде таа работела како продавачка.

„Неговата висина, неговото тело, неговата убавина ми го привлекоа вниманието. Се тресев пред него, но постоеше искра“, открила Георгина.

„Многу сум срамежлива и можеби тоа повеќе ме вознемири пред личноста која длабоко ме допре со само еден поглед. После тоа, начинот на кој Кристијано се однесува кон мене, се грижи за мене и како ме сака, го направи останатото“, тврди 26-годишната Георгина со која Роналдо ја има ќерката Алана Мартина, а со која ги воспитува и трите деца кои на фудбалерот му ги родила сурогат мајка.

https://www.instagram.com/p/B71FJSEofS0/

Таа зборувала и за стресот кој дошол од врската со најпопуларниот фудбалер на светот.

„Ситуацијата беше неподнослива. Луѓето ме прогонуваа. Ми ѕвонеа на мобилен, репортери доаѓаа во дуќанот и се преправаа дека се купувачи“, се присетила на времето кога нивната врска била штотуку откриена.

И денес, признава, се грижи за својата безбедност.

„Не можам да излезам сигурни бидејќи секогаш некој сака да ме фотографира. Затоа, морам постојано да се грижам за својата безбедност“, рекла.

Георгина редовно го следи Роналдо на скоро сите натпревари.

„Тој е единствениот човек кој може да ме возбуди за време на натпревар. Имам среќа што сум партнерка на најдобриот фудбалер на сите времиња. Кога е тој на теренот, јас преживувам низ емоции. Тој нема конкуренција“, заклучила.

Слични содржини