Герасимовски: Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар

од Stefanija Kuzmanovska

Во седум основни училишта во општина Центар денеска имаше дојави за бомби.

Учениците беа евакуирани, а родителите повикани да ги земат.

Градоначалникот на Општина Центар на својот Фејсбук профил повика на смиреност.

– На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ „Ј.Х. Песталоци“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ “Гоце Делчев“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“ стигнала порака за поставена бомба. Единствено нема потврда за ООУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец. Случаите се пријавени во полиција и евакуирани се учениците, наставниот и останатите вработени во училиштата. Полициски службеници вршат антитерористички проверки. Искрено се надевам дека конечно оваа серија лажни дојави на поставени бомби, кои сериозно не вознемируваат ќе заврши и ќе се открие кој стои зад нив. Уште еднаш повикувам на смиреност и следење на протоколите во овие ситуации, напиша Герасимовски.

Слични содржини