Герасимовски: Двојно повеќе инспектори во општина Центар

од Nikola Popovski

Ветувам двојно повеќе инспектори, силна и независна инспекциска служба со засилени контроли за доследно спроведување на законите и санкционирање на прекршувањата уште во првата година од мандатот. Само така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните, така и ќе ја зајакнеме администрацијата за подобро функционирање во општината, изјави денес Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата.

Општина Центар, изјави тој нема да стане ново бетонско градилиште туку зелена општина со хумана урбанизација.

Тој кажа дека при секоја сеча ќе се носи решение кое дрво е за сеча, а кое не.

-Дополнително во самата програма имаме ставено регистар на зеленило односно на дрвја и се останато. Тоа го има во Град Скопје, но за жал, го нема во општините и дополнително планираме да го спроведеме истото, рече Герасимовски. Според него при секоја реконструкција на улицата треба да се знае кое дрво мора да се отстрани, односно кое е старо, а по истиот принцип би се планирала и самата реконструкција на улиците, вели Герасимовски и додава:

-Ако нешто докажавме во оваа кампања е дека ги знаеме барањата граѓаните и за нив имаме конкретни решенија. Позитивни и со добра мисла, граѓаните сакаат сакаат да зборуваат за проектите и начинот како ќе се спроведуваат, а ние со задоволство го презентиравме нашиот план. Центар и Скопје мора да продолжат напред.

Слични содржини