Герасимовски: Ја интензивираме соработката со општина Стари град од Белград со проекти во културата, спортот и туризмот

од Берта Китинска

Општина Центар и општина Стари Град од Белград ја интензивираат дводецениската соработка како збратимени општини во областите на урбаниот развој, економијата и инвестициите.
Градоначалникот на Општина Центар е во дводневна посета на општината Стари Град со која Општина Центар е збратимена општина полни две децении.

Во посетата Герасимовски ги посети културните установи „Параброд“ и спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“ каде со градоначалникот Општина Стари Град Радослав Марјановиќ ги
споделија искуствата и договорија размена на проекти во областа на културата, спортот и туризмот.

„Нашите две општини имаат слични проекти затоа ќе ја зацврстиме соработката на локално ниво применувајќи ги добрите пракси кои постојат во Стари Град кај нас и нашите кај нив. Важно е да
споделуваме искуства и во начинот на кој работат спортските клубови но и да ги споделиме културните вредности и туристичките капацитети на двете држави“, изјави Герасимовски при
посетата на Стари Град.Благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ соработката на државно ниво ќе се интензивира и меѓу локалните самоуправи.

Поривот на Герасимовски и Марјановиќ да се зајакнат локалните самоуправи е силна и оваа искрена меѓусебна соработка ќе помогне двете општини да се подигнат на едно повисоко културолошко и спортско ниво.

Слични содржини