Герасимовски: Матичниот објект на градинката Корчагин добива целосна реконструкција

од Берта Китинска

Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар заедно со Радмила Шеќеринска, поранешната заменик претседателка на СДСМ вчера вечер разговараа со граѓаните во околината на градинката Корчагин.

„Поддршката доаѓа од сите страни и мене ми е мило што е така. Тоа ми дава уште поголем мотив да ги реализирам проектите кои ги ветив и да ја оправдам оваа доверба. Овде целосно ќе ги реконструираме матичниот објект на градинката Корчагин и малото фудбалско игралиште. Ќе поставиме нова и модерна урбана опрена, а преку преземање на градски паркинг во ПОЦ истиот ќе го направиме резидентен за станарите“, изјави Герасимовски.

Герасимовски потсети и на проектите кои општината ги реализираше изминатиот период. Тој рече дека влогот во предучилишните установи е влог во квалитетно образование и градење на здрави генерации. Герасимовски потсети на целосното реконструирање на објектот „Пепелашка“ по цели 65 години кој згрижува 115 деца на површина од 894 м² во склоп на градинката „Р.Ј. Корчагин“.

Тој исто така потсети на реконструираното детско игралиште кај блок 9, новата урбана опрема и поправениот систем за полевање.

„За реализација на овие проекти и многу повеќе за наш Центар во недела масовно да излеземе на гласање, да го заокружиме бројот 12 и да одбереме проекти кои ќе ни го олеснат живеењето во Центар“, порача Герасимовски.

Слични содржини