Герасимовски: Наша голема заложба е ослободување и обновување на зелените површини во центарот на градот

од Берта Китинска

Кандидатот за градоначалник на Центар на СДСМ Горан Герасимовски најави ослободување и обновување на зелените површини во центарот на градот

-Наш приоритет е брзо носење на преостанатите ДУП-ови во Центар со цел заштита на јавниот. Со носењето на ДУП-овите ќе го заштитиме државното земјиште и ќе го намениме за проекти важни за граѓаните. Ќе го зачуваме зеленилото и понудиме нови содржини и услуги за центарци. Со измената на досегашните девет ДУП-ови заштитивме 14.000 м2 зеленило. Како градоначачник, нема да отстапам ни педа од ветувањето дека законите за градба мора целосно да се почитуваат и да се обезбеди пропишаното зеленило и паркинг места, вели Герасимовски

 

Слични содржини