Герасимовски: Општинските служби се на терен и ги санираат штетите

од Nikola Popovski

Веднаш по невремето, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со општинските служби излегоа на терен, извршија увид во состојбата и санираа дел од штетите во Општина Центар.

На неколку локации има паднати покриви, паднати дрва и искршени гранки. До општината пристигнуваат пријави за поплавени подруми, станови и живеалишта.

„За утре наутро свикав состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој ќе ги договориме наредните чекори. Вечерва сме на терен, во комуникација сме со надлежните и помагаме онаму каде што можеме“, изјави градоначалникот.

На состанокот на општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе се дискутира за штетата настаната во Општина Центар од денешното невреме и за наредните чекори што општината ќе ги преземе во соработка со останатите надлежни институции.

Слични содржини