Герасимовски: Со „Smart city“ Центар станува првата дигитална општина

од Берта Китинска

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата го најави проектот „Smart city“. Општина Центар е прва општина која го воведува проектот „ кој предвидува паметно паркирање, паметно осветлување и административна дигитализација во Општината.

“Преку „Smart City“ и мобилните уреди граѓаните ќе добиваат информација за слободните паркинг-места на локацијата каде што се наоѓаат. Имплементацијата на проектот ќе започне од ул „Орце Николов“ која во моментов е во фаза на реконструкција и ќе се реализира во неколку етапи. Станува збор за модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување на ЛЕД-технологија и примена на современи техники за управување и надзор. За реализација на проектот ќе се заменат постојните 7000 светилки и ќе се постават нови ЛЕД- светилки. Така ќе се намали и годишната потрошена електрична енергија за најмалку 60%“, изјави Герасимовски.

Проектот треба да го подобри квалитетот на живее на граѓаните, да донесе значителна заштеда на финансиски средства, поголема енергетска ефикасност, зголемена безбедност на јавните површини, естетски изглед на општината, намалено светлосно загадување и придонес во заштитата на животната средина.

Овој проект е особено важен за постојните станари во Центар, потенцираше Герасимовски затоа што вклучува проектот нуди апликација за смарт паркирање која известува за слободно паркинг место во различните реони на општината.

Вредноста на проектот „Smart City“ чини околу 230.000.000 денари, а неговата финална реализација треба да заврши до крајот на 2026 година.

Слични содржини