„Гересхајмер“ отвара втора фабрика во ТИРЗ Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Германската компанија „Гересхајмер“ почнува втора инвестиција во технолошко-индустриската развојна зона 2 во Скопје. Станува збор за изградба на втора фабрика за специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини.

Со ова, висината на инвестицијата ќе достигне над 126 милиони евра, што, според премиерот Димитар Ковачевски претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на ТИРЗ зоните во државата.

-Пред околу четири години од „Гересхајмер“ направија смел чекор, инвестирајќи во изградба на фабрика за медицинска пластика, токму овде во ТИРЗ во Скопје. Нашата држава беше избрана како дестинација на „Гересхајмер“, кој веќе ги постави темелите на својата втора фабрика во Југоисточна Европа во оваа технолошка зона, во време кога целиот свет се соочуваше со едно од најголемите кризи на последните столетија поради корона кризата, рече Ковачевски во обраќањето по повод новата инвестиција.

Според премиерот, инвестицијата на „Гересхајмер“ е вистинска одлука во вистинско време.

До ден денес, рече Ковачевски, „Гересхајмер“ остана најголемиот закупец и најголемиот поединечен инвеститор во ТИРЗ во Северна Македонија и најголем инвеститор во ТИРЗ зоните по висина на инвестиции.

Слични содржини