Герет Бејл ја прифати понудата од …

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо убедил една од ѕвездите на Реал (Мадрид) Герет Бејл да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“, тврди каталонскиот весник „Спорт“.

Изданието тврди дека Велшанецот се согласил на „трансфер“ уште пред натпреварот за Суперкупот на Европа минатото лето. Тогаш сепак Бејл одлучил да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Сега поранешниот фудбалер на Тотенхем веќе бил сигурен дека по крајот на оваа сезона сака да мине кај „црвените ѓаволи“.

Се претпоставува дека Реал ќе сака околу 120 милиони евра за велшкиот репрезентативец.

Слични содржини