Германија на работ на рецесија, стабилизација се очекува напролет

од Nikola Popovski

Ризикот од рецесија во Германија се зголеми по ненадејната стагнација на производството во четвртиот квартал, пишува Блумберг.

Како што се објаснува, падот на производството од 0,2 отсто значи дека намалувањето во периодот до март би предизвикало рецесија во најголемата економија во еврозоната.

Неколку показатели во последниве недели укажуваат на зголемена доверба во Германија по благата зима и добро снабдените складишта за природен гас, а сето тоа го елиминираше ризикот од недостиг за време на грејната сезона.

Цените на суровините на големо паднаа од рекордно високо ниво, давајќи надеж дека инфлацијата ќе стагнира порано отколку што се мислеше.

Тој тренд беше видлив и во Шведска, чија економија неочекувано се намали во четвртиот квартал, покажаа посебни податоци претходно во понеделникот.

Економистот Саломон Фидлер вели дека во Германија се очекува скромен пад на реалниот БДП, како одраз на помалата потрошувачка, но исто така верува дека по блага зимска рецесија, економијата најверојатно ќе се стабилизира напролет и повторно ќе почне значително да расте во средината на 2023 година.

За разлика од Германија, Белгија забележа раст од 0,1 отсто, а Латвија за 0,3 отсто, додека економската доверба во еврозоната порасна трет месец во јануари, искачувајќи се на највисокото ниво од јуни.

Европската централна банка е решена да се бори против растечките цени со рестриктивна монетарна политика и треба да ги зголеми каматните стапки за уште 50 базични поени оваа недела, во, како што наведува Блумберг, најагресивната кампања за затегнување во нејзината историја.

Слични содржини