Германија: Демонстрантите повторно во акција, окупираа огромен багер во близина на рудникот

од Radmila Tasevska

Климатските активисти утринава окупираа огромен багер во рудник за јаглен во западна Германија во знак на протест поради уништувањето на блиското село поради проширување на друг рудник.

Како што пренесува АП, енергетската компанија РВЕ за германската новинска агенција ДПА изјавила дека четири лица рано утринава се качиле на багерот и дека работата во рудникот за лигнит Хамбах е прекината.

Полицијата е известена за инцидентот, додаваат од компанијата.

Слични содржини