Германија и Франција ЗА влез на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген зоната

од Stefanija Kuzmanovska

Германија и Франција го поддржуваат влезот на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген зоната, изјавија денеска претставници на тие две земји пред средбата во Брисел на која ќе се разговара за предлогот.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер посочи дека Германија не го дели ставот на Австрија, која се противи на проширување на зоната за безвизно патување.

„Не можам да ја разберам позицијата на Австрија за ова прашање“, им рече Фезер на новинарите пред разговорите со колегите од ЕУ.

Слични содржини