Германија: Напаѓачот кој држеше заложници во Дрезден им подлегна на повредите

од Stefanija Kuzmanovska

Напаѓачот од Дрезден, Дејвид В. (40) денеска им подлегна на повредите набргу откако припадниците на Специјалната елитна тактичка единица (СЕК) го совладаа во трговски центар.

СЕК нешто по пладне упаднала во трговскиот центар каде напаѓачот држел жена и дете како заложници и го совладале, објави „Билд“.

Дејвид В. утринава ја убил својата мајка (62) во стан во Дрезден-Прохлис, а потоа упаднал во радио станица во центарот на градот и пукал со пиштол. Побегнал во трговски центар и се сокрил во аптека земајќи заложници.

 

Слични содржини