Германија официјално го одобри трансферот на тенкови Леопард 1 во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Германската влада потврди дека Германија одобрила трансфер на тенкови Леопард 1 во Украина, пренесува РИА Новости.

„Потврдувам“, изјави Штефен Хебстрајт, портпарол на германската влада, на новинарите како одговор на прашањето

Во исто време, тој одби да даде какви било детали и да каже за колку тенкови станува збор, истакнувајќи дека „конкретни детали ќе бидат објавени подоцна“.

Претходно, „Цајтунг“, повикувајќи се на извори во владини кругови, објави дека германската влада одобрила префрлање на 88 тенкови Леопард 1 во Украина, но има проблеми со муницијата, бидејќи овие тенкови повеќе не се произведуваат.

Русија испрати нота до земјите од НАТО во врска со испораката на оружје за Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија.

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека земјите од НАТО „играат со оган“ со тоа што ѝ доставуваат оружје на Украина.

Слични содржини