Германија собрала докази за воени злосторства во Украина

од Vladimir Zorba

Германија соопшти дека собрала докази за воени злосторства во Украина. Ова за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ го соопшти главниот обвинител на Сојузниот врховен суд, Петер Франк.

Главниот обвинител на германскиот Врховен суд повика на меѓународно судење против сторителите на воените злосторства во Украина.

„Во моментов се фокусираме на масовните убиства во Буча и нападите врз украинската цивилна инфраструктура“, изјави Фрaнк за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Според него, обвинителството досега имало докази во „трицифрен опсег“. Фрaнк, сепак, не навлезе во детали.

Германија почна да собира докази во март 2022 година за да покрене обвинение за можни воени злосторства, вклучително и со интервјуирање на украински бегалци и анализа на јавно достапни информации, рече Франк, додавајќи дека германските обвинители сè уште не истражуваат конкретни лица.

Но, обвинителството веќе се подготвува за можен последователен судски случај – или во Германија или со странски партнери пред меѓународен суд, додаде тој.

Слични содржини